Воведување на едносменска настава – министерката Јаневска најави прераспределба на наставниците

Во однос на тоа дали има доволен број на наставници во државата  и се планира воведување на едносменска настава во училиштата, министерката за образование и наука, најави дека ќе има дистрибуција на наставниците бидејки е нерамномерна и ќе се врши нивна прераспределба.

„Дистрибуцијата на наставници во училиштата во Македонија е нерамномерна. Во некои училишта постојат повеќе паралелки со 12, 10 или 15 деца, и треба да се зачуваат работните места на наставници, кои што во овој момент би биле вишок ако се спојат паралелките. Но, пак, во други училишта, има недостаток на наставници, ако ја спроведеме целосно едносменската настава. Поради тоа, ќе правиме прераспределба на наставници, од таму каде што ги има вишок, во тие општини каде што тие недостасуваат„ – изјави Јаневска.

Во отчетот за сто дена од работењето на Владата министерката информираше дека во 140 училишта „е воведена квалитетна, економична и ефективна едносменска настава, а наскоро бројот ќе се зголеми за 50-ина.

Нагласи дека државата ќе мора да создаде услови за едносменска и целодневна настава зашто, СЕКАДЕ ВО СВЕТОТ така се работи и мора да има приспособување ако сакаме успех и квалитетно образование.

За овој проект потребно е да се изградат 300 училници и 70 санитарни јазли, за што според проценките што ги  направиле УНИЦЕФ и Светска банка треба да се инвестираат околу 8 милиони евра.

И покрај револтот на родителите и дел од наставните кадри, министерката се обиде да ја смири ситуацијата со изјавата дека нема да има губење на работни места, туку само прераспределба на наствниците.

На крајот од денот сепак се’ се сведува на тоа дека така прават и другите.