Исмаил: ДПМНЕ наместо да се занимаваат со суштинските проблеми како минималната плата и зголемувањето на цените тие бркаат вештерки
Ете го ВМРО со вмровски (анти-работништво, анти-комунизам) рабоќе.
Стандарден дел од нивната комуникациска стратегија – сè што може да предизвика одреден притисок врз нив или да ги стави во дефанзива, веднаш го поврзуваат со опозицијата; “Се што не е наше и не доаѓа од нас се е против нас”.
И тоа им служи за две работи со кои го возат народецот:
1. Делегитимирање на релевантни барања – Ако секоја критика или барање автоматски се етикетира како „опозициска игра“, тогаш тие го минимизираат неговото значење преку етикета.
2. И сето ова им служи за задржување на контрола врз наративот – Наместо да се занимаваат со суштинските проблеми, ја префрлаат дебатата на тоа „кој стои зад ова“, наместо „дали ова е исправно“.
На овој начин беа дискредитирни:
– Студентите кои бараа судска правда
– Луѓето кои бараа правда за уставобранителите
– Прашањето за загадениот воздух (бојкот на Надзорната расправа во Собрание)
– И сега еве најново работниците, односно нивните синдикални организации кои имаат, не само легитимни туку и барања за кои неопходно е да се најдат решенија.
Утре да не се чудите ако ви кажат дека спротивставувањето во на намерата Бугарите во устав или учеството во воениот конфликт во Украина е само “опозициска интрига”, напиша пратеникот Реџеп Исмаил – Хактан на Фејсбук.