(Видео) Апасиев до директорот на ААВМУ: Што ќе превземете за надминување намедиумската блокада и системска дискриминација на Левица од националните телевизии?
Лидерот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, на денешните пратенички прашања постави прашање и до директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски, во однос на бојкотирањето, дискриминацијата, дискредитацијата и хајката против Левица во медиумскиот простор и непреземањето на никаков законски чекор за обезбедување на плурализмот:
Од деца кога бевме, Вие сѐ уште сте директор на ААВМУ, веројатно и Мицкоски би Ви подзавидел на толку мандати…
ААВМУ е регулаторно тело кое стручно врши надзор над примената на Законот за медиуми и Законот за аудио-визуелни медиумски услуги. Вие, почитуван, се ставате во улога на регулатор на Собранието, а не на медиумите. Давате соопштенија, извештаи дека Димитар Апасиев со неговиот “вулгарен, недоличен” говор, етикетира, дискредитира медиуми итн. Почитуван, ние во Собранието си имаме наш Етички кодекс и Вие не сте надлежни да оценувате како се однесуваат пратениците, туку сте надлежен да оценувате како медиумите се однесуваат.
И наведувате: „Недоличните зборови на Апасиев упатени кон новинарот Љупчо Златев”… А знаете зошто Апасиев се обратил “недолично”? Бидејќи му го објавил шестгодишното дете на медиум, а Вие сте должни да го спречите тоа – злоупотреба на медиумот за одредена хајка.
Согласно Законот, Вие како ААВМУ сте должни да се грижите да се постигнат целите и начелата: да ја поттикнува слободата, грижа за заштита и развој на ПЛУРАЛИЗМОТ и презема мерки кога е извршена повреда на овој Закон од страна на медиумите, а не од пратениците.
Располагате до три вида надзори меѓу кој и посебен за заштита на плурализмот. Има одредби и глоби доколку не се придржува медиумот кон: хумани и морални вредности, заштита на достоинството, еднаквост во слободите и правата, отвореност на програмите за плурализам, непристрасно информирање, гарантирање на право ма одговор и исправка…
Оттука, прашањето ми е: Дали Вие не приметувате дека една парламентарна партија со пратеничка група, Левица, од изборите до сега, не е повикана во НИТУ ЕДЕН национален медиум којшто Вие го контролирате, иако по Закон се должни да дадат плурализам на мислења?!
И имате апсурдни ситуации: Се зборува за Интерпелацијата на Левица, ама таму зборуваат ЗНАМ, ДПМНЕ и СДС, а не Левица. Ме боли уво ако го мразат Апасиев, Вие имате законска обврска да се грижите за тој плурализам во медиумите!