АктуелноЛокално

Смилев: Политиката и бизнисот ја игнорираа расправа за аерозагадувањето затоа што се заеднички чинители кои ја создаваат еколошката темнина што нè труе

На денешната НАДЗОРНА РАСПРАВА во Народното Собрание (која се уште е во тек) за аерозагадувањето во Македонија, власта со сите нејзини сателити бојкотираше, претставниците од загадувачот УСЈЕ бојкотираа, градоначалниците од четири поканети скопски општини бојкотираа, Инспекторатот за животна средина бојкотираше , Министерството за животна средина исто така…….

Надзорната расправа совршено ги исфилтрира оние кои ги допира темата, и оние кои одлучија да останат на дното на филтратот….па барем три минути да не испочитуваа сите оние кои денес земавме слободни денови од работа и се обидовме да ја лоцираме генезата на еколошката темнина од која очигледно тешко ќе излеземе !

И викате, има политичка и бизнис воља да го решиме загадувањето?

КРИВИ СТЕ СИТЕ затоа што на сите нивоа на власт се игнорираат луѓето кои веќе дишат воздух што ги труе, а државата го дозволува тоа, напиша на Фејсбук еко активистот од Велес, Игор Смилев.