Гутереш: Кина треба да служи за пример на останатите земји

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, го пофали успехот на Кина и нејзиниот придонес за искоренување на сиромаштијата. Додека пак од меѓународната заедница побара вложување на повеќе труд, со цел да се надминат заедничките предизвици.

Благодарност до Кина за нејзината улога во обликувањето и имплементацијата на Целите за одржлив развој. Пофалби за нејзината силна посветеност и значителен напредок во искоренувањето на сиромаштијата во сите нејзини форми и димензии. Справувањето со овој проблем е еден од главните предизвици во светот“, – рече Гутереш.

Генералниот секретар смета дека Кина треба да служи за пример на останатите земји. Според него „успесите на Кина обезбедуваат вредни лекции за ублажување на сиромаштијата, кои таа ги споделува со другите земји, преку соработката Југ-Југ“.

Првиот човек на ООН истакна дека светот продолжува да се соочува со големи предизвици, како што се зголемената нееднаквост, геополитичките тензии, климатските промени и пандемијата COVID-19. Генералниот секретар повика на глобално единство со цел да се „премостат големите поделби и да се решаваат клучните проблеми“.