АктуелноЛокално

Апасиев: Колку треба да си ненормален (од нула до ДПМНЕ) + корумпиран до с’рж да саботираш надзорна расправа на тема за загадувањето

ВМРО-ДПМНЕ ја саботира надзорната расправа за аерозагадувањето, велат од Левица, а пратеникот Апасиев на Фејсбук објасни дека четириесетина гости веќе биле поканети на расправата.

– Колку треба да си ненормален (од нула до ДПМНЕ) + корумпиран до с’рж, да саботираш надзорна расправа на тема од врвен јавен интерес како АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО!?

p.s. Веќе се поканети над 40 гости-сведоци, меѓу кои и претставници на ЗАГАДУВАЧИТЕ (како Цементара) – кои, пак, се финансиери и “донатори” токму на градоначалниците на ДПМНЕ. Дали можеби тоа е причината за паниката во партијата на Мицкоски? – пишува Апасиев на Фејсбук.

– „Се прави обид за брутална саботажа на легитимен процес на свикување надзорни расправи. Пет луѓе на оваа Комисија им ставаат вето на 20 потпишани пратеници за Надзорна расправа!? Пресметавте дека овој процес ве кошта политички, и ај сега ќе ретерираме, во фазата ќе дигнеме рачна. Не бива така!

За разлика од сите ваши комисии, кои не се ниту со закон основани, туку со одлука на Собранието – Анкетната комисија, со која претседавам јас, е единствена комисија основана со Уставот!

Пет пратеника поништуваат одлука на дваесет пратеника! Утре може да ви текне, ние 20 може да поднесеме претседателски кандидат и вие да речете: „Не ми се свиѓа кандидатот, ај ќе го поништиме преку креативно толкување”!?

“Спорните прашања” се само во главите на вмровците! Не постојат спорни прашања. Дури и сега да ми доставите гости – истите ќе бидат поканети промптно, уште денес. Но, не! Вие одите на нож! Вие не почитувате bona fide пристап, не почитувате отвореност и добра волја, оти таква ви е наравта – сељачка и силеџиска – сѐ на ачик, сѐ на нож!” – истакна Апасиев претходно во говор во Собранието.