АктуелноЛокално

Апасиев: Еве зошто не треба да се потпираме на странски инвестиции – прва криза и бегаат

„Еве зошто не треба да се потпираме само на СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ за да ја подобриме економијата… При првата криза, ќе си затворат и ќе си заминат! А државата им давала неброени субвенции, кои ако сме биле мудри ќе сме ги искористеле за домашна фабрика – во државна сопственост или во сопственост на работниците (по кинески модел, кој се покажа како најуспешен во светот)“ – напиша претседателот на Левица, Димитар Апасиев за заминувањето на „Аптив“ и кратењето на работни места на „Џонсон Мети“.