Апасиев повика за поголемо вклучување на јавноста за време на надзорната распарава во Собранието поради загадувањето
Драги сограѓани и еко-активисти.
Кон крајот на овој месец, за прв пат во Собранието, по барање на опозицијата, ќе се одржи НАДЗОРНА РАСПРАВА за аерозагадувањето на Скопје и на другите градови низ Македонија.
Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, ве повикувам да ми посочите лица кои би сакале да бидат повикани на ЈАВНОТО СОСЛУШУВАЊЕ, кое ќе оди како директен пренос на телевизија.
Се надевам дека овој инструмент за ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА и надзор над (не)работата на извршната власт, во иднина почесто ќе го користиме, како почеток на една нова политичка култура која пратеничката група на Левица ја воспоставува на политичката сцена во Република Македонија, напиша проф. д-р Димитар Апасиев на Фејсбук.