Промоција на книгата „Едно тело, илјада избори“ од Александар Дренковски во КИЦ

Промоцијата на книгата „Едно тело, илјада избори – водич за исхрана базиран на факти“ ќе се одржи вечерва (18.10.2024) во Културно информативен центар (КИЦ) со почеток од 19:19 часот.

Со мудрост, хумор и здрава доза скептицизам упатена кон најновите трендови на исхрана, „Едно тело – илјада избори“ објаснува сѐ, од еволутивните корени на нашите инстинкти до современите предизвици во исхраната. Запазувајќи ја индивидуалната варијабилност во апетитот и сложениот танц на хормоните и метаболизмот, оваа книга ви дава насоки за пронаоѓање на шемата на исхрана што најдобро функционира за вас.

Со уплата од 900 денари на трансакциска сметка на НВО Акација, со цел на ознака – донација, можете да си ја резервирате книгата и да се осигурате дека ќе добиете копија на евентот.

Сите собрани средства од промоцијата на книгата НВО Акација ќе ги донира во ЈУ Детски дом „11 октомври“.