Шолц ја потврди подготвеноста да преговара со Путин

Берлин е подготвен да преговара за мир во Украина со Москва, изјави денес германскиот канцелар Олаф Шолц.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази подготвеност да преговара со рускиот претседател Владимир Путин за да се стави крај на конфликтот во Украина. Тој ова го изјави во средата во говорот во германскиот парламент. Шолц го повтори повикот за уште еден „мировен самит“ за Украина и изјави дека Русија треба да биде поканета.

„Затоа, точно е и дека кога ќе нѐ прашаат дали ќе разговараме и со рускиот претседател, ние одговараме – да, ќе“, рече тој.

Потенцијалните преговори со Москва, сепак, нема да се случат „зад грбот на Украина и без консултации со нашите најблиски партнери“, појасни Шолц.