АктуелноЛокално

(Видео) Петров: Општина Гевгелија мора да изнајде решение за лицата со интелектуална попреченост

На 47-та седница на Советот на општина Гевгелија на советнички прашања, нашиот советник Петров го праша градоначалникот Сарамандов, дали локалната власт на ВМРО – ДПМНЕ ќе изнајде институционално решение за лицата со интелектуална или телесна попреченост. Во општина Гевгелија отсуствува дом за сместување на лицата со попреченост, кои сега за нив се грижат нивните родители, но останува отворено прашањето, кој ќе води грижа за ваквите лица кога нивните родители ќе остарат или починат.

Градоначалникот Сарамандов проблемот за сместување и грижа за ваквите лица ја префрли на Министерството за труд и социјална политика, бидејќи, како што изјави тој, општината немало ингеренции за грижа за ваквите лица и изградба на дом за нивно сместување.

Имено, според Законот за социјална заштита, член 7, Републиката и општините обезбедуваат вршење на дејноста на социјална заштита според Уставот на Република Македонија, преку основање на установи за социјална заштита или пренесување на вршењето на работите од социјалната заштита на здруженија, други правни или физички лица.

Законот за социјална заштита, Националната програма за развој на социјалната заштита 2022-2032, не ја спречуваат Општината да формира установи за сместување на лица со попреченост. Такви установи дури можат да формираат и приватни фирми со добиена дозвола и лиценца од МТСП.

Република Македонија е социјална држава, и должност на локалната власт односно општината е да обезбеди Установа за вонсемејна социјална заштита на лицата со попреченост.