Протест за солидарност со Палестина, Црвена Младина со поддршка

Црвена Младина изрази целосна поддршка за протестот во солидарност со палестинскиот народ!

Ние стоиме рамо до рамо со сите што се борат за правда, слобода и човечко достоинство. Неправдата и насилството кои го трпи палестинскиот народ се недозволиви.

Особено сме горди што Левица поднесе декларација за признавање на Палестина за независна држава, застанувајќи во одбрана на правото на самоопределување и борбата за слобода на палестинскиот народ, се вели во соопштението на младинската организација на Левица.