АктуелноЛокално

(Видео) Каменолом на Нефи Усеини ги гуши жителите од охридско

Деновиве жителите од село Климештани (Охридско) алармираат за сериозните проблеми кои ги причинува каменоломот во ова село, кој е во владение на познатиот локален шериф од ДУИ, Нефи УСЕИНИ. Неконтролираната прашина што ја создава каменоломот не само што го загадува воздухот и го загрозува здравјето на луѓето, туку и директно влијае на квалитетот на земјоделските расади, од коишто зависи голем дел од животната егзистенција на мештаните.

Дополнително, уништувањето на селскиот пат од тешките камиони е уште еден проблем за локалното население. Иако компанијата има преземено обврска да го одржува патот, очигледно дека договорот не се почитува.

Револтот на жителите од с. Климештани расте и истите не ја исклучуваат можноста за ПРОТЕСТИ и блокади. Левица алармира надлежните институции веднаш да излезат на терен и да констатираат дали компанијата на Нефи Усеини врши експлоатација во согласност со законските параметри. Правото на здрава животна средина е неприкосновено и не смее да биде нарушено поради бизнис интересите на локални моќници, се вели во соопштението на партијата.