(ВИДЕО) Насилни немири ја погодија прекуморската француска територија
Во Мартиник е воведен полициски час по протестите поради високите трошоци за живот.
Жестоките протести што избија на францускиот карипски остров Мартиник доведоа до воведување полициски час во неколку области на неговиот административен центар Фор де Франс, објави во средата „Монд“, цитирајќи ја локалната префектура.
Ограничувањата, воведени од 21 часот до 5 часот наутро во пристаништето и неколку други делови од градот, ќе останат на сила најмалку до 23 септември, бидејќи се преземаат дополнителни мерки за спроведување на законот низ островот.
Градското пристаниште, кое е клучната точка за испорака на територијата, е центар на масовното протестно движење против зголемените цени на храната од почетокот на оваа недела.
Владата на Мартиник претходно објави дека најмалку шест полицајци биле повредени од огнено оружје за време на насилните немири, а двајца неидентификувани осомничени биле уапсени во врска со инцидентите.
Во вторникот вечерта, ресторан на Мекдоналдс во градскиот кварт Дилон беше запален заедно со бројни барикади, изјавија локалните власти за АФП. Хипермаркетот „Керфур“ во истата населба „го нападнаа околу педесет лица, кои поставија барикада на паркингот и се обидоа да го запалат“.
🔴🇲🇶Deuxième nuit de troubles en Martinique.
— Mister X (@LuniqueMisterX) September 15, 2024
La ville de Sainte Thérèse ainsi que le commissariat de Fort-de-France ont été visés.
Des incendies et des tirs d'armes à feu ont été signalés. Ces actes de violence font suite à une augmentation des prix jugée ahurissante. pic.twitter.com/drwwEWeWt6
Слични протести ги погодија Мартиник и другите прекуокеански територии во последниве години, многу од нив поттикнати од бес поради зголемените трошоци за живот. Според последниот извештај на Националниот институт за статистика и економски студии (Insee), во 2022 година, цените на храната во Мартиник и другите француски прекуморски територии биле за 40% повисоки отколку во Франција.