Концерт на Сашо Поповски- Трио во Културно информативен центар – Скопје

На 17.09 (вторник) со почеток од 21:00 часот во Културно информативен центар – Скопје, Салон 19:19 ќе се одржи  Концерт на Сашо Поповски- Трио, Сашо Поповски – гитара, Иван Бејков – контрабас и Александар Ванчовски – тапани.

На својот прв албум за Art Melodies, гитаристот Сашо Поповски го усовршува својот концепт на трио проект изграден на постојани варијации на мелодии, го нагласува звукот, текстурите, интеракцијата и просторот со воведување на колорит и контрастни музичка мисла соработки со гости-музичари.

Композициите се организирани околу прекрасно изведени, јасни и привлечни мелодични линии. Steps е мултикултурна музика со седум нумери од чисти линии, егзотични мотиви, заклучени структури и бујна имагинација, во која авторот свесно остава простор за развој и поместување на звучните бариери преку различниот карактер на инструментите, како и непредвидливиот сензибилитет на музичарите.