Арсовска и ДПМНЕ водат инает,Скопје пред колапс!

  • Реакција на Левица-Град Скопје

Откако Арсовска И ДПМНЕ „ја расипаа калимерата“ Скопје е заложник на нивното инаетење.

Последен во низата штетни потези и од страна на ДПМНЕ и од Арсовска е најавата на Владата дека ќе ги одземе ингеренциите на Арсовска и на јавните претпријатија и установи.

Град Скопје е пред колапс поради нефункционалноста на јавните претпријатија, поради тоа што нивните директори Арсовска ги менува на неколку месеци, но и поради фактот дека советниците на ДПМНЕ во Советот на Градот не ги гласаат програмите по кои што работат јавните претпријатија.

Исто така ДПМНЕ, кое што има мнозинство во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија, место да ја префла вината на Градот нека превземе одговорност за состојбата во градот.

Сите сме револтирани од општата состојба во Скопје и нефункционалноста на јавните претпријатија, но малкумина знаат дека состојбата може веднаш да се реши.

Потребно е само ДПМНЕ место да води инает со Арсовска, која беше нивен кандидат за градоначалник, да ги изгласа програмите во Советот и преку управните одбори да воведат ред во јавните претпријатија.

Слична е состојбата и во јавните установи, кој едвај функционираат со минимизирани програмски буџети и скратени буџети за режиски трошоци, под постојана закана од исклучување струја или блокирање сметки, за што напати сме реагирале.

Доколку продолжи ваквото неконструктивно препукување преку грбот на граѓаните, градот Скопје ќе се соочи со колапс, кој очигледно е на повидок.