Изложба „Алегорични Фрагменти“ во Прилеп
Вечерва (16 август) со почеток од 20.00 часот во Домот на културата Марко Цепенков во Прилеп, ќе биде отворена изложбата „Алегорични Фрагменти“.Носител на проектот е м-р Маја Ралева Миладиновски во соработка со уште седум ликовни уметници ВАЈАРИ од Прилеп.
На изложбата ќе бидат претставени дела од 8 (осум), автори вајари од Прилеп кои веќе имаат свое долгогодишно искуство и заедно работеа на тематскиот израз за изложвата “АЛЕФОРИЧНИ ФРАГМЕНТИ”. Учесници се: Емил Солески, Елена Димоска, Филип Перески, Методи Исков, Марјан Стојаноски, м-р Маја Ралева Миладиновски, м-р. Филип Јовески и Марта Макеска.
Ликовните уметници, преку овие дела ни испраќаат порака од друг агол, како и самиот наслов на изложбата Алегорични Фрагменти. Содржината на делата со анализа го опфаќа целиот пристап кон темата, каде денес опкружени со бројни случувања се мотивираме и утврдуваме поинаков односот кон уметноста. Секој уметник преку својот личен пристап кон современата уметност отсликува одредена порака која се испраќа до последниот примач со однапред конципирано вајарско решение.
Апстракно симулирање на форма како дел од ова парче земја преку композициски решенија и градација, просторна игра како одраз на апстрактно и асоцијативно поставените фрагменти со целокупниот состав создава алегорија исполнета со емоции кон убавото и заборавеното.