„Струшките вечери на поезијата“ со чествување на македонските поети Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски и Матеја Матевски

Свеченото отворање на фестивалот ќе биде во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, познат и како Дом на поезијата, а свеченото затворање ќе биде со традиционалното читање на Мостот на поезијата. Повеќе од 25 странски поети од светот, како и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација, ќе учествуваат на фестивалот, на главните поетски читања. Годинашен лауреат, добитник на наградата „Златен венец“, е истакнатиот француски поет Жан Пјер Симеон. Поетскиот портрет на лауреатот ќе биде на 24 август и, според традицијата, ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид.

„Струшките вечери на поезијата“, како еден од најстарите и најзначајни светски поетски фестивали, ќе се одржи и годинава, во вообичаениот термин, на крајот од август, од 22 до 26 август, во своето автентично издание, на препознатливите локации.

Свеченото отворање на фестивалот ќе биде во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, познат и како Дом на поезијата, а свеченото затворање ќе биде со традиционалното читање на Мостот на поезијата.

Мотото на годинашниот фестивал е „Допир на убавината“. Со ова мото, сакаме да го потенцираме оној аспект на поезијата и поетскиот јазик што овозможува контакт на човечкото битие со вишите сфери на убавината, отелотворена во поезијата. Но, исто така, сакаме да ѝ оддадеме почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите лица, преку тактилноста и релјефноста, преку допир, да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата – посочи директорот на СВП, Тодорче Тасевски, кој ги соопшти деталите за програмата на годинашното издание на фестивалот.

Годинашен лауреат, добитник на наградата „Златен венец“, е истакнатиот француски поет Жан Пјер Симеон. Поетскиот портрет на лауреатот ќе биде на 24 август и, според традицијата, ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, а наградата ќе му биде врачена на лауреатот на поетското читање „Мостови“.

Инаку, повеќе од 25 странски поети од светот, како и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација, ќе учествуваат на фестивалот, на главните поетски читања.

Покрај свечените отворање и затворање на СВП, кои ќе се одвиваат на препознатливите локации, за другите денови, предвидено е претпладневната програма да се одвива во конгресната сала на хотелот „Дрим“, а вечерната програма – на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

Фестивалот „Струшките вечери на поезијата“ го задржуваат континуитетот на одржување. Почнувајќи од 1961 година, тој ја покажува моќта на поезијата да го обедини светот