АктуелноЛокално

НР Кина е првата земја во светот која поседува примероци од карпи од темната страна на Месечината

По 53 дена во вселената, капсула на вселенскиот брод „Chang’e-6“ се врати на Земјата со примероци од карпи од темната страна на Месечината. Мисијата е уште еден успех за кинеската вселенска програма.

Капсула на кинескиот вселенски брод „Chang’e-6“ донесе на Земјата примероци од карпи од задната страна на Месечината. Како што покажуваат снимките во живо емитувани од кинеската државна телевизија, капсулата слетала во вторникот попладне (по локално време) во степата во централна Монголија.

Кина последен пат донесе примероци од карпи од Месечината на Земјата во декември 2020 година. Претходно, такво нешто им успеа на САД и на Советскиот Сојуз во 1960-тите и 1970-тите. За прв пат, меѓутоа, сега има проби од далечната страна на месечината од кои научниците се надеваат дека ќе добијат нови сознанија за историјата на Земјиниот сателит.

Врз основа на геолошките карактеристики на местото на слетување, кинеските истражувачи претпоставуваат дека вратените примероци датираат од пред 2,5 милијарди години стара вулканска карпа. Во примероците исто така може да се содржат траги од претходни удари од метеорити.