Исмаил: Трудот на работниот народ го подредивте под трудот на капиталот

  • Секвенца од говорот на Реџеп Исмаил – Хактан, народен пратеник и Потпретседател на Левица по однос на прераспределувањето на трудот Министерството за труд и социјална политика под Министерството за економија:

„Најопасно што се прави во овој предлог – закон е тоа што Министерството за економија станува и министерство за труд, додека трудот се трга од социјална политика. Ставањето под иста институционална капа на овие две класи, на трудот и капиталот, не значи ништо освен институционална супресија над трудот.

Вашата претпоставка дека социјалниот дијалог се води само заради корист на капиталосопствениците (како што сте вие кои седите тука), такво нешто македонскиот народ уште еднаш нема да проголта.

Сето ова значи уште една институционална победа на капиталот врз трудот, супресиран од економските интереси кои вие ги претставувате тука.“