Лажни информации за Демократската Народна Република Кореја

За западните медиуми не е страно да шират лаги против Демократската Народна Република Кореја (Северна Кореја, за оние кои одбиваат да ја нарекуваат по нејзиното уставно име). Почетокот на овогодинешните Зимски Олимписки Игри во Пјонгчанг, на кои главна тема е затоплувањето на односите помеѓу Република Кореја и Демократската Народа Република Кореја и нивниот заеднички настап, понуди уште една можност „слободното“ новинарство да капитализира врз предрасудите, пропагандите и расизмот против оваа држава.

БиБиСи Мониторинг на својот твитер профил објавија дека преносот од отварањето за Зимските Олимписки Игри немало на Централната Телевизија во Демократксата Народна Република Кореја. Секако, ова беше само уште едно извртување на вистината, бидејќи пренос на отварањето имаше – на спортскиот канал во државата, како што е и очекукувано. БиБиСи Мониторинг се извинија за ваквата дезинформација, но судејќи по минатото, луѓето ќе ја запаметат шокантната „вест“, а не демантот.

Во време во кое Соединетите Американски Држави, предводени од Доналд Трамп, го бараат секој можен изговор за вооружување против Демократската Народна Република Кореа, која одбива да се потчини на нејзините империјални политики, неодговорно е за медиуми од калибарот на БиБиСи, кои имаат голем импакт врз јавното мислење, да шират лажни информации кои само ја зголемуваат омразата на луѓето кон оваа држава и го легитимираат дополнително противењето на западот за пријателски односи помеѓу двете Кореји.