АктуелноЛокално

(Видео) Левица ги поддржа жителите на Ореовец – СТОП за ископот на Бехтел и Енка

  • Соопштение на политичката партија Левица

На денешниот протест на жителите од прилепски Ореовец против ископот на ,,Бехтел и Енка”, Левица повторно даде поддршка. Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, се осврна кон штетниот договор што го има склучено претходната власт, потенцирајќи дека истиот е незаконски и неуставен.

📢 ,,Договорот излезе од еден куп закони и тоа е злоупотреба на службена положба. Во правото има еден принцип каде од неправо не може да произлезе право. Ова ќе мора да заврши со кривични пријави и со спроведување на една кривична постапка. Договорот треба да се раскине”, истакна Сашко Јанчев од Левица.

За потсетување, пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, во повеќе наврати досега, застанува рамо до рамо со жителите на прилепското село Ореовец против ископот на ,,Бехтел и Енка”.

Поради досегашните минирања, оштетени се голем број куќи и Црквата во селото, а загрозени се изворите за вода и целата животна средина во овој предел.