Самостојна изложба на Ангел Коруновски во Куманово

Во Уметничката галерија во Куманово, вечерва 22.мај со почеток во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот уметник Ангел Коруновски од Велес. 

Изложбата е насловена „Реинвенција на реалноста“ и опфаќа опус од 30 ликовни дела: слики, скулптури и објекти, кои авторот ги изработил во последните десет години.

Сублимираните дела ги опфаќаат неколкуте етапи-фази во ликовното творење, во кои се отсликува фигуративниот пристап и преминот кон неформалното, односно апстрактно творештво.

Ангел Коруновски е роден во Велес, 1979 година. Завршил факултет за ликовни уметности при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, во Скопје, отсек скулптура, насока конзервација и реставрација и постдипломски студии на истиот универзитет. До сега реализирал повеќе самостојни изложби во нашата земја, Црна Гора и Германија, зел учество во групни изложби и интернационални ликовни колонии. Добитник е на повеќе награди и признанија.  

Изложбата за љубителите на уметноста ќе биде отворена до крајот мај.