Баздникин: Братскиот македонски народ знае дека Русија секогаш му подава рака
- Говорот на амбасадаорот на Руската Федерација во Република Македонија Сергеј Баздникин, по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот.
Искрено ми е драго да ве гледам на традиционалната церемонија на положување цвеќе во спомен на војниците кои загинаа за ослободување на Русија и Европа од фашизмот.
Присуството на секој од вас овде е јасна потврда за разбирањето на доброто и злото, свесност за вистинските национални интереси, познавање на историјата во целосност, почитување кон трајните вредности и идеали за кои нашите татковци, дедовци и прадедовци ги оддадоа своите животи, кон страдања и подвизи на нашите предци. Убеден сум дека има мнозинство – а во нашите земји – огромно мнозинство – луѓе кои ги споделуваат таквите пристапи.
Тоа, патем, јасно го покажаа резултатите од вчера одржаните избори во Македонија, на кои волјата на народот беше изразена апсолутно недвосмислено. Ги честитаме сите македонски граѓани успешно спроведување на изборите, ја честитаме победата на македонскиот народ.
За нас, за целиот мултинационален народ на Русија, денес е најважниот – како што велиме, најсветиот и вистински сенароден – празник – Денот на Победата во Големата Татковинска војна.
Пред 79 години во истите пролетни денови Црвената армија, заедно со своите сојузници од антихитлеровата коалиција, го скрши ‘рбетот на најголемото зло во историјата на човештвото – нацизмот, завршувајќи го неговиот тотален пораз во дувлото на ѕверот – во Берлин. Ова не е прв пат агресор да си ги скрши забите кога се соочи со непоколеблива цврстина, челична волја и безгранична храброст на нашите граѓани – од млади до стари.
Победата – една за сите, одна на всех, како е кажано во позната песна – ни дојде по огромна, страшна цена – во сеќавањето на Русите, во нашиот генетски код засекогаш ќе останат и безгранична гордост за херојскиот подвиг на нашите предци, и огромната тага за 27 милиони загинати советски граѓани. Токму народите на Советскиот Сојуз го претрпеле најголемиот удар на германската воена машина и имале најголеми загуби.
Добро паметиме дека во спротивставувањето на агресорот, заедно со нас беа учесници на Народноослободителната борба во Македонија, на 66 од кои им беше доделена највисоката почест – Народен херој. Еден од нив, Кузман Јосифовски-Питу, многу точно забележал дека „Македонскиот народен фронт е дел од општата борба на сите поробени народи од фашизмот“.
Ги поклонуваме главите пред храброста на борци на Народноослободителната војска на Југославија, кинески војници во текот на борбата против јапонскиот милитаризам, членови на Движењето на отпорот. Свето почитуваме подвизи на сите – познати и непознати – херои кои зачекорија кон вечноста и стекнаа бесмртност, засекогаш останувајќи во народно сеќавање.
Во далечната 1945 година сите беа убедени дека најголемата трагедија никогаш повеќе нема да се повтори. Меѓутоа, денес демонската нацистичка идеологија на мизантропија повторно ја загрозува нашата држава, а всушност и целото човештво.
Нацистите во Киев и нивните покровители од земјите на „колективниот Запад“ се обидуваат да ни нанесат „стратешки пораз“. Целта – да се уништи сè што е руско: луѓе, јазик, вера, култура, споменици, во суштина, да jа „откаже“ Русија.
Тоа не беше возможно во текот на вековната историја на Русија – нема да успеат и денес. Во рамките на специјалната воена операција, започната во февруари 2022 година, руските воjници се борат за Татковината, доследно и ефективно ги решаваат доделените задачи, вклучувајќи демилитаризација и денацификација на Украина. Резултатите се очигледни. И сите – потцртувам, сите – цели ќе бидат остварени – во целосност.
Судбината на Русија ќе ја одредиме ние сами и само сами за добробит на денешните и идните генерации. Ние сме обединет и голем народ – заедно ќе ги надминеме сите пречки, ќе го реализираме сè што е планирано и ќе победиме!
Нашата земја не со зборови, туку со дела се бори за поправеден мултиполарен светски поредок, формирање на рамноправен и неделив систем на безбедност. Западот – кој се наоѓа во заробеништво на своите неоколонијални илузии – сака да ја задржи својата хегемонија преку рацете на Украинците, го снабдува Киев со нови пратки оружје. Но, мора да разбереме дека, според фигуративниот израз на Претседателот Владимир Путин, „бал на вампири се завршува“…
На церемонијата на инаугурација на Претседателот на Руската Федерација, одржана пред два дена, Владимир Путин истакна дека Русија е отворена за зајакнување на добри односи со сите земји кои нè гледаат како надежен и чесен партнер. Таквите земји, чии претставници се присутни овде денес, навистина го сочинуваат светското мнозинство.
Не се откажуваме од дијалог со западните држави. Изборот е нивен – имаат ли намера и понатаму да се обидуваат да го спречуваат развојот на Русија, да продолжат со агресивната политика, притисокот врз нашата земја или ќе бараат пат кон соработка и мир.
Разговор, вклучително и за прашањата на безбедноста, стратешката стабилност, е можен. Но, не од позиција на сила, без никаква ароганција, надменост и сопствена ексклузивност, туку само под еднакви услови, почитувајќи ги меѓусебните интереси.
Обраќајќи им се на присутните многуброjни македонски пријатели, ќе потцртам – односите меѓу нашите земји минуваат низ сложен период. Сепак, ова не е наш избор. Ние никогаш не се мешале во внатрешните работи на РМ – токму спротивно – ние повеќепати сме подале рака на помош, без тоа да го условуваме на кој било начин. Убеден сум дека сето тоа му е добро познато на братскиот македонски народ, со кој сме врзани со вековни врски на пријателство и меѓусебно почитување, засилени со духовно и културно сродство и заеднички словенски корени, и обединети со антифашистички традиции. Овде чувствуваме акцентирано пријателско расположение и симпатии кон Русија буквално на секој чекор, високо го цениме таквото искрено однесување на огромното – ќе повторам, огромното – мнозинство граѓани. Се разбира, тоа може да стане основа за обновување на врските кога за тоа ќе се појават благопријатни услови.
Срдечно ви го честитам празникот – Денот на Големата Победа!
Вечна им памет на паднати и упокоени, вечна им слава и благодарност на живи херои!