Што предлага Левица за економијата
Политичката партија Левица ја објави својата изборна програма за претстојните парламентарни избори. Во оваа сеопфатна програма огромно внимание е посветено на домашниот развој и поттикнување на државни претпријатија. Изминативе години, со само двајца пратеници, Левица успеа да спречи многу штетни политики и да предложи законски решенија согласно барањата на граѓаните, каде што во фокус беа социјалните политики.
Претседателот Апасиев вели дека со десетина пратеници Левица ќе биде партијата која ќе ги принуди политичките елити да го застапуваат народниот интерес. Во прилог ви го пренесуваме делот од програмата за економија и финансии.
- Рестартирање или отворање на нови профитабилни државни компании во секоја стратешка гранка од стопанството ( рудници, хемиска индустрија, мермерен комбинат, шеќерана, производство на стратешки култури, откупни пунктови за земјоделски производи итн.)
- Целосно напуштање на рамните даноци, со тенденција на поголемо оданочување на капиталот, наместо на трудот!
- Национализација на сите дистрибутивни мрежи во Македонија: електро-дистибутивна, водоводна, канализациона, топловодна, гасоводна, нафтоводна, телекомуникациска, радиодифузна, кабелска, интернет и сл.
- Воведување државна комерцијална Развојна банка за бескаматно наменско кредитирање на населението, а преку која вработените во јавниот сектор ќе мора да ги примаат своите плати.
- Укинување или драстично ограничување на бесмислените „членарини, надоместоци, издатоци“, т.е. наплатата на банкарските провизии: за платен промет; за електронско банкарство; за водење трансакциски сметки на граѓаните; за наплата на административни и судски такси; за вадење пари од банкомати на различни банки; за проверка на сметка на банкомати; за вадење изводи од трансакциски / тековни сметки; за користење платежни картички (кредитни и дебитни); за издавање потврди за ликвидиран кредит и сл.
Изборната програма вкупно се состои од 13 подглавја и тие се:
- Труд и социјална правда
- Право и антикорупција
- Политички систем и администрација
- Граѓанско општество и медиуми
- Политичка економија и финансии
- Урбанизам, сообраќај и локална самоуправа
- Култура, туризам и спорт
- Образование и наука
- Здравство
- Земјоделие
- Екологија и енергетика
- Јавна безбедност и народна одбрана
- Надворешна политика
За да ја прегледате целосната програма на Левица – кликнете на сликата подолу