(ВИДЕО) Левица е единствената партија која го затвори фашистичкиот клуб во Битола
- Изјава на носителот во Изборна единица 5, Јована МОЈСОСКА и коносителот од #Левица, Горан ВЕЛЕВСКИ.
„Проф. Ванковска цврсто стои на ставот дека Македонија има алтернатива и дека Македонија треба да се позиционира како рамноправна членка во новиот геополитички поредок. За разлика од сите останати партии, Левица и Ванковска се ПРОТИВ безалтернативноста која ни се наметнува последниве 30 години.
Граѓаните можат да видат дека единствено Левица и единствено проф. Ванковска се против бугаризацијата на Уставот. Врпочем, Левица беше и единствена партија која во Битола, во градот на Стив Наумов, организираше и два протести против фашистичкиот клуб.
И токму по иницијатива на Левица, беше затворен фашистичкиот клуб!”