АктуелноЛокално

Левица со нова канцеларија во Македонска Каменица

Во присуство на Претседателот на Левица, проф. Димитар Апасиев и пратеникот во Собранието Борислав Крмов свечено беше отворена канцеларијата на Левица во Македонска Каменица.

🚩 На настанот присуствуваа и потпретседателот на Левица – Реџеп Исмаил – Хактан, членот на Президиумот Александар Симонов, координаторот на Секторот за политички систем Кристијан Димков и проф. Билјана Ванковска, кандидат за претседател на Македонија.

📢 Голем број граѓани, а најмногу млади луѓе беа присутни на отворањето на канцеларијата, што ја потврди огромната поддршка на Левица во Македонска Каменица и веќе нема да биде изненадување доколку Левица победи на парламентарните избори во Македонска Каменица.

📢 Во своите обраќања Апасиев и Крмов потсетија дека во изминатиот период Левица отвори десетина канцеларии во помалите градови во ИЕ3, и истакнаа дека поддршката за партијата расте во секое гратче. Дополнително, од нив беше истакнато дека се повеќе млади луѓе се приклучуваат на партијата, кои се спремни да одолеат на притисоците и се вклучат во борба за подобра Македонија.

📢 Професорката Ванковска потсети дека низ целата своја кариера работи со студенти и млади луѓе и дека од огромно значење за нејзе е присуството на голем број млади луѓе од Македонска Каменица на отворањето на канцеларијата. Таа посочи дека следува жестока кампања, во која таа ќе го покаже она што со децении го предава на студентите.