АктуелноЛокално

,,Рурална жена низ објективот“ – Изложба на фотографии од Лејла Куртов

На 10ти март во Домот на културата во Конче, беше отворена изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ од авторката Лејла Куртов. Во рамките на изложбата, претставени беа 19 фотографии и 17 животни приказни со кои авторката сака да го скрши стереотипот за руралната жена во општеството.

Изложбата „Руралната жена низ објективот“ преку 19 фотографии раскажува животни приказни на жените од општината Конче. Фотографирани се Фатиме Нанушева, Туркан Абдурахманова, Јулијана Станковиќ, Ѓулдане Хусеин, Ратка Манасиева, Емилија Коцева, Зејнеп Куртова, Герсилда Василева, Фикрије Абдурахманова, Севим Усеинова, Фунда Реџеп, Цана Атанасова, Зорица Атанасова, Николинка Василева, Мелике Абдурахманова, Аслихан Баро, Зора Младенова и Зејнеп Алицова.

Поради големиот интерес изложбата „Рурална жена низ објективот“ беше прикажана и во Скопје на 22 – ри март во „Оро-радио галерија и бар“.

Авторката Лејла Куртов е родена во Скопје во 1996 година. Таа е дипломиран педагог на Филозофскиот факултет во Скопје, воспитувач во Детската градинка „12-ти јули“ во Конче каде се грижи и ги воспитува децата.

Покрај нејзината професионална дејност, таа во слободно време се занимава со фотографија и уметничко сликање.

„Руралните жени не се само жени кои се занимаваат со земјоделско производство, туку се и жени кои можат да придонесат во многу сфери на животот. Тие жени се и медициски сестри, докторки ,учителки, негувателки ,членови на различни културни уметнички друштва, па дури имаме и европска амбасадорка на млади“, вели Куртов.

„Руралната жена е силна и моќна .Таа е столб кој ја негува и чува нашата традиција, жена која и покрај сите предизвици со кои се соочува во животот таа е храбра и непоколеблива.“