Левица: На граничниот премин Ќафасан – јарболот празен и државното знаме фрлено на земја
Празен јарбол, државното знаме истуткано и фрлено на земја – ваква е сликата во моментов на Граничниот премин, Ќафасан.
По уредувањето на влезот и излезот во и од државата се проценува системот. Оттука, македонскиот е трул со самоуништување и непочит кон националните обележја. Државните симболи во континуитет се деградираат, со крајно непочитување и кршење на законите од страна на властите.
Прекршен е член 19 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, според кој: „кога знамето е спуштено, ниеден негов дел не смее да го допира подот…” Знамето на сликиве не само што е фрлено на земја, туку е и извалкано со кал. Фотографиите ни ги пратија загрижени сограѓани, за кои, единствено, Левица е гласот на народот. Единствено, Левица се бори за националните интереси.
Левица апелира до техничкиот министер Панче ТОШКОВСКИ веднаш да реагира за ваквото кршење на законите и да утврди одговорност од лицата кои дозволиле вакво непочитување на државните симболи, наведуваат од Левица.