Црвена младина со еколошка акција на Исарот
Активисти на Црвена младина Штип – денес со еколошка акција на Исарот. Ден по Чет’рсе, нашите млади со иницијатива и акција да ги исчистат отпадоците по вчерашното масовно искачување на Исарот.
,,Млади сме и свесни сме колку сабота е неработна за комуналците од ЈП ,Исар’ што нас дополнително нè мотивира да се грижиме за ЗЕЛЕН Штип, за чиста околина, за здрава иднина и квалитетна животна средина”, велат од Штипска #Црвена_младина.
Не само чистењето на зелениот појас, туку и грижата за и околу спомениците што сведочат за борбата во историјата на македонскиот народ, е наш приоритет. Затоа денес активистите на Црвена младина – Штип, ги собираа и отпадоците околу спомениците на Исарот.
,,Традицијата да ја негуваме, природата да ја зачуваме” е наше мото што нè држи будни и активни и под кое следуваат уште многу вакви акции!
Еколошката акција беше поддржана од членови на Локалниот огранок на Левица – Штип.