Непристојно е да се расфрлаш со пари во сиромашно општество
Нам, на левичарите, помодарството не ни лежи, ниту личи. Јас во салон за убавина не сум стапнала. На фризер одам кога морам, шопингот не ми е никакво задоволство (да не ве водам кон марксистичката критика на консумеризмот и „еднодимензионалниот човек“ на Маркузе). Ова не е лажна скромност, ова е мое животно кредо. И ако станам претседателка нема да ме гледате како да сум на модна ревија, ќе си користам македонски производи. Големината е во умот и интегритетот, а не во скапите брендови, вели Билјана Ванковска во најновото интервку дадено за порталот ммс.мк.
Целото интервју со претседателската кандидатка на Левица, проследете го на следниот линк.