АктуелноЛокалноНастани

Граѓаните и натаму се потпишуваат за кандидатурата на Ванковска

И денес добивам информации за нови потписи во канцелариите на ДИК – и толку ми е мило на душата! Сончев саботен ден, релаксирана прошетка дури и кога знаат дека ова се потписи кои се “за секој случај”. Како да не ги почитуваш, објави Билјана Ванковска, којашто вчера потврди дека ги собрала неопгодните 10.000 потписи, задоволувајќи го законскиот минумум за здобивање на кандидатски статус на претстојните претседателски избори.

– Вака и го замислував добивањето народен легитимитет – од првиот до последниот чекор. Ниту еден потпис собран кај нотар, вели Ванковска.

Првиот круг на претседателски избори ќе се одржи на 24 април.