Ванковска: Ќе се борам до крај – до 8 мај
Им благодарам од срце на сите кои со активизам, слободна волја, посветеност и љубов се вклучија во кампањата за собирање на потписите! Огромна благодарност на оние 10,000 + кои излегоа од дома да дадат потпис. Однапред им благодарам и на оние кои најавија дека и во наредните денови, до 8 март, ќе сакаат да ме поддржат. Ние ќе тераме сѐ до Денот на жената, кој ќе го одбележиме како што доликува и во духот на Роза Луксембург и Клара Цеткин, порача Билјана Ванковска, која денеска успеа да ги собере неопходните 10.000 потписи и да стане кандидат за претседател.
– Конечно , ги поздравувам и оние кои ниту ми посакаа среќа ниту ми честитаа а се нарекуваат мои пријател(к)и. Можеа од куртоазија да пратат збор, па дури и скришно/приватно, но молкот бил нивен избор. И нека остане на тоа. Во тешки времиња човек открива многу за луѓето и за себе.
Таа порача и дека ќе се бори до крај, до 8 мај.
-Со љубов за Македонија, хуманизмот, социјалната правда, интернационализмот, соработката и мирот, како единствен начин да создадеме пристоен и достоинствен живот за сите наши граѓани.