АктуелноЛокалноНастани

Македонија стана ветена земја за функционери

Нов раст на функционерските плати. Зголемувањето ќе биде од 300 до 500 евра, во зависност од позицијата. Па така, шефот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума и премиерот, а пратениците над 2 илјади евра, објави ТВ Сител.

Откако лани платите пораснаа за 78%, Владата најави дека сама ќе ги скрати платите, па се премисли и формираше работна група, денеска техничкиот премиер кажа дека пресметката не може да ја регулира секој.

„Методологија на пресметување на плата е, и не е работа дали е за функционерите или не. Тоа е методологија која ќе се спроведе со оглед на заклучокот на статистика по однос на бројките коишто произлегуваат од минатата година. Тоа не е работа што може да кажете дека може да го регулира овој или оној“ – Талат Џафери, технички премиер

Ваквото зголемување ќе биде редовно секоја година, оти Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците…вкупно 1.060 функционери.