АктуелноЛокално

Левица отвори канцеларија во Долнени со пораката: Ова се избори помеѓу македонизмот и анти-македонизмот

Денес, во присуство на претседателот на Левица – Димитар Апасиев, генералниот секретар Јована Мојсоска и голем број членови и симпатизери официјално беше отворена канцеларијата во општина Долнени!

Во своите говори, претседателот Димитар Апасиев и генсекот Јована Мојсоска порачаа дека Левица како сериозен актер на политичката сцена, ќе биде клучен фактор на следните избори со двоцифрен број на пратеници. Додека балистите од ДУИ секаде каде што владеат ги празнат селата и градовите, 20 години ДПМНЕ и СДС молчат пред оваа амнестирана групација.

Порастот на Левица е доказ дека Македонецот повеќе не се плаши од домашните квинслинзи и иредентисти и дека дојдено е времето Македонецот да поставува црвени линии! За Македонија престојат историски избори, каде од секој поединец зависи дали ќе се реализира погубното сценарио за промена на Уставот и дали после Рамковниот и Преспанскиот договор – со бугарскиот договор ќе се закова последната шајка на ковчегот на македонската држава.

Ова се избори за ПОБЕДА на македонизмот против анти-македонизмот на домашните квинслинзи и странските националисти. Порачуваме дека во вакви историски премрежја за Републиката, не смееме да се препуштиме на апатијата и да се откажиме без борба.

И поучени од историјата, македонскиот народ кога е на правилната страна на историјата – секогаш победува!

#ВоБорба

#ЌеПобедиме

Напишаа од партијата Левица во објавата на Фејсбук.