Кина го претстави новиот лидер во ултра-брзиот копнен транспорт
Кина го претстави својот нов транспортен систем Маглев во Кингдао, провинцијата Шандонг. Брзиот воз е дизајниран да се движи со максимална брзина од 600 километри на час, што го прави најбрзото копнено возило во светот. Овај систем е развиен од кинеската железничка корпорација CCRC и претставува научното и технолошкото достигнување во областа на железничкиот транспорт кое ја прави Кина лидер во ултра-брзиот копнен транспорт.
Маглев (кратенка за магнетна левитација) – е систем за транспорт кој користи магнетни сили за да му помогне на возот да постигне големи брзини. Ова „возило“ користи два сета магнети, еден за да го одбие и да го турне возот од пругата, а друг за да го придвижи „пловечкиот воз“ напред. Искористувајќи го недостатокот на триење, системот му овозможува на возот да постигне брзина до 600 километри на час, додека одржува непречено забрзување. Претходно, возовите што се движеа на линијата Пекинг-Шангај имаа максимална брзина од 350 км/ч. Интересно е тоа дека бучавата од овој воз е ниска додека загадувањето кое го предизвикува е минимално.
Кина за прв пат го претстави прототипот на возот во 2019 година, кога објави дека нивниот воз „Маглев“ ќе превезува патници од Пекинг до Шангај за околу 3,5 часа. За истата оваа релација со авион се потребни 4,5 часа додека 5,5 часа беа потребни со досегашната брза железница.
Единствениот проблем е што моментално Кина има само една линија Маглев за комерцијална употреба. Вакви „Маглев“ мрежи се градат уште во неколку града, меѓу кои едната што ги поврзува Шангај и Хангжу, а другата што ги поврзува Ченгду и Чонгкинг.