АктуелноЛокално

Апасиев: Во одбрана на студентите и работниците Левица бара ограничување на кириите

  • Претседателот на Левица проф. д-р Димитар Апасиев за предлог-Законот за домување:

,,Ова е еден, според нас, круцијален закон којшто опфаќа повеќе од половина милион население и се однесува на, популарно или народски кажано, кираџиите. Тоа се многу луѓе во Република Македонија.

На сајтовите на агенциите за недвижности можете да видите фрапантни податоци каде што уредно наместен стан од 50 квадрати достигнува цена по 800, 900 а некогаш и 1 000 евра. Овие проблеми на граѓаните не се новина кај нас, во Европа веќе ги имале и затоа се носени заштитнички закони.

Досега методологијата за утврдување на закупнината е носена со уредба на Влада, односно е под-законска, а не законска материја. Со овој закон се предлага таа да стане законска материја и тоа да биде еден став во Законот за домување. Втората промена, е за куршлусот кој е направен. Иако Владата има право да воведе регулација на кириите и наместо да утврди максимална кирија, нашата Влада утврдила минимална кирија. Кого штити Владата? Ги штити рентиерите наспроти студентите во тие станови, наспроти работниците во овие станови.

Со оваа измена предлагаме да се воведе горна граница на износот на кирија. Оттука, апелираме на вашата совест, бидејќи ова опфаќа многу од населението во Македонија, а истовремено од подзаконска, оваа материја станува материја легис.”