АктуелноИнтернационално

Какво оружје добива Приштина од САД? – Се спрема ли нов конфликт?

Што и продаваат Американците на Приштина?

Американскиот ракетен фрлач Javelin е противтенковско оружје способно да навлезе во најсофистицираниот оклоп. Тој е опремен со две експлозивни полнења; првото полнење експлодира при контакт со тенкот, а потоа се активира второ, помоќно полнење за пробивање на оклоп. Овој систем е познат од 1996 година во американската армија, а се докажа и во војните во Ирак, Авганистан и Украина. Системот е исклучително добар и опасен.

Со домет од 2.500 метри, може да се користи за директен напад за уништување на цел или за соборување на хеликоптер при ниско летање. Проектилот може да се крене до 160 метри висина, а потоа да падне директно на својата цел на горната страна на возилото каде е најслабо.

Овој ракетен фрлач му овозможува на војникот да ја означи целта, и остатокот од работата да го остави на проектилот кој не се движи праволиниски и сам си ја бара таргетираната цел. Ова му дава доволно време на војникот да ја промени положбата и да се скрие пред проектилот да ја погоди целта.

И не само што Приштина го модернизира своето оружје, поддржано западните сојузници туку  планира и да воведе задолжителна воена служба што е можно поскоро. Преку ова се крие и намерата да се изврши етничко чистење преку регрутирање на најспособните Срби. Само во текот на минатата година, 13 отсто од Србите го напуштиле северно Косово поради заплашување и малтретирање.

Александар Вулин основачот на Социјалистичкото движење и поранешен Министер за Одбрана и на Внатрешни работи ќе додаде:

Продажба на Javelin (‘копје’) на Приштина треба да им помогне на Србите конечно да сфатат дека нашата мирна борба за зачувување на обединета Србија се смета за закана, а не за легитимно право на нашата земја.

„Ако присуството на илјадници војници на КФОР, безбедносните гаранции дадени во Резолуцијата 1244 и безусловната поддршка на пактот на НАТО на Албанците не се доволни за безбедноста на Косово и Метохија, тогаш ниту „копје“; системите нема да помогнат многу.“

Тој посочува дека оние кои продаваат оружје на терористите и зборуваат за мир, се исти како оние кои пуштаат отровна змија во детска лулка и зборуваат за екологија.

Според Зоран Миливојевиќ, дипломат и поранешен амбасадор:

„Тоа го прават со целосно игнорирање на меѓународното право и сите конвенции и договори. Всушност, сето ова во суштина е дел од решавањето на косовското прашање. Така тие ни испраќаат порака дека Америка едноставно сака косовското прашање да се реши веднаш и сега и на начин кој одговара на американските интереси, имајќи предвид дека претстојат претседателски избори и дека Америка нема повеќе време за тактизирање на кој било начин.