Проблемите на тутунарите продолжуваат – Бојкот на откупот на тутунот
За жал проблеми има и кај тутунарите. Наместо со протести и блокади по улиците тие годинава го бојкотираат откупот на тутунот, незадоволни од ниските откупни цени кои се на ниво на ланските.
Наместо да е спакуван во пакети и да се носи на откупнте пунктови тутунот годинава во низи сеуште виси по дворовите на тутунарите. Според законот сите откупувачи ги отворија пунктовите од 15 декември но тие засега остануваат пусти, нешто што досега не се случило. Главната причина според тутунарте е тоа што откупувачите се однесуваат монополистички и сакаат да земат тутун по ланските цени. За да се надмине бојкотот на тутунарите тие бараат да се определи производната цена за годинава и да се седне на заедничка маса да се дојде до заедничак прифатлива цена која ќе има економска логика.
Барањето да се определува производната цена од страна на стручни експерти е нешто што не само тутунарите туку и сите земјдоелци го бараат повеќе од една година. Според науката тоа може многу лесно да се определи врз оснава на направените трошоци од страна на независна високо образовна иснтитуција и само така може реално да се седне на преговори за новите цени на тутунот за да се прекине бојктот на откупот.
Лани тутунот кој заради лошата година имаше просечен квалитет се откупи по 300 денари за килограм а годинава тутунот е со екстра квалитет, но го има двојно помалку.
Наместо планираните 26 милиони килограми годинава има 13 милиони килограми. Тутун се помалку се одгледува бидејќи нема млади кои сакаат да го работат за овие цени а на тие ниви освен тутун ништо друго неможе да се одгледува. Секоја година од тутунот се прави над 100 милиони евра девизине прилив од кој државата си ги собира даноците но ако продолж трендот на намалување заради игнорантскиот однос на откупувачите ќе загубат и земјоделците но и државата.