АктуелноЛокално

Апасиев: Ден на жалост – НЕ за лидерска средба

Пишувa: Димитар Апасиев – претседател на п.п Левица

Утре треба да биде ден на жалост заради двојното убиство, а не на ЛИДЕРСКА за датум за избори!

Поради ова, јас како претседател на Левица го ОТКАЖУВАМ моето учество на планираната средба и апелирам до премиерот истата да се помести за посоодветен тајминг, после расчистувањето – преку парламентарна надзорна расправа – на сите неразјаснети прашања поврзани со пропустите на МВР и ОЈО изминативе денови (за време на самитот на ОБСЕ).