Клубот на читатели посветен на книгата „Урбани легенди“ во сабота во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје
Утре (25.11.2023) со почеток од 18 часот во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје, Спомен-соба „Т’га за југ“ ќе се одржи разговор со Васко Марковски.
Браќа Миладиновци“-Скопје, месец ноември го посвети на скопски автори и автори кои пишуваат за Скопје. Во таа замисла одлично се вклопши и монографијата на Васко Марковски „Урбани легенди“ посветена на едно Скопје од секојдневието, на скопски личности, ликови, места и феномени.
Во овој клуб ќе (си) дозволиме и доза на носталгија и отворање на споменарите и дневниците од нашето детство, младост, од и за нашето Скопје.
Модератор на клубот ќе биде Бобан Ристевски библиотекар во ГБСК.
Клубот на читатели, книгата на месецот, како и разговорите со авторите се дел од вториот циклус на голема кампања #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори.