АктуелноЛокално

Крмов: Измените во Деловникот се „мираз“ за идната коалиција на ДУИ и ДПМНЕ

Измените на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија се на барање на ВМРО-ДПМНЕ, смета пратеникот на Левица, Борислав Крмов, кој на денешната пленарна седница за измени на Деловникот предизвика вистински хаос во салата, со цел спречување на овие измени.

– Според мене ова што се случи во Собранието е на барање на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ е слаба на анкетите и не е сигурна дека ќе биде власт, не се ни ДУИ сигурни дека ќе бидат власт. Рекоа ова е европски процес, со европски манири, ќе одат во декември во Париз, ќе удираат чашки со шампањ и ќе тврдат дека консензуално го донеле Деловникот. Мислам дека ДУИ сакаше Деловникот да остане како што беше, но мислам дека беа притиснати од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот од Левица овој договор го нарече „мираз“ за идната коалиција на ДУИ и ДПМНЕ.

Според мене ова е еден вид мираз за можниот брак меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ после избори, вели Крмов кој додава дека пратениците на Левица се подготвени да одат и во затвор, доколку тоа е цената за промена на овој систем.

Според Милош Милошевски ова е најава за широка коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

– Мислам дека ова е најава за широка коалиција, власт после избори би биле и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, опозиција ќе биде само Левица, вели Милошевски.