АктуелноЛокално

Путин: Санкциите на Западот се неуспешни – Нема да не изненадат диверзии и саботажи

Претседателот на Рускат Федерација Владимир Путин одржа состанок преку видео врска за економски прашања на 1 ноември 2023 година. Тој констатираше дека санкциите против Русија од земјите од Западот ќе се интезицираат, и додаде дека до сега од санкциите, настрадала економијата на земјите кои ги вовеле.

Мораме да бидеме подготвени за фактот дека притисокот од западните санкции ќе се интензивира. Да, во изминатите години тие, нашите таканаречени партнери, веќе усвоија безброј пакети санкции, тие самите практично се заплеткаа во овие санкции, се обидоа да не казнат и на крајот, како што гледаме… Јасно е од статистиката, си ја погодија сопствената економија, работни места. Сега во нивните фантазии тие едноставно стигнуваат до точка на апсурдност.

Во продолжение, Рускиот претседател додаде дека нема да биде изненаден, доколку од земјите од западот, Русија преживее нова диверзија, како онаа со „Северен тек“.

Во услови кога потенцијалот на санкционата агресија против нас е практично исцрпен, може да се користи диверсии или акти на саботажа на најважните глобални инфраструктурни објекти. Се сеќаваме што се случи со „Северен тек“.

На крајот од излагањето Владимир Владимирович додаде дека Русија однапред ги пресметува ваквите ризици.

Важно е однапред да се пресметаат ваквите ризици и да се одговори на нив проактивно со цел да се обезбеди сигурно, стабилно работење на нашите претпријатија, компании и работна сила.