АктуелноЛокално

Поезија од Гаврило Милановиќ – „Македонија ми одекнува во сеќавањата“

Гаврило Милановиќ е мултимедијален артист од Скопје. Се занимава со компонирање и продуцирање на музика, фотографија и видео. Има дипломирано новинарство на универзитетот Св „Кирил и Методиј“. Поезијата за него е уште еден начин на израз преку кој претендира директно да допре до реципиентите. Досега има издадено две поетски книги: „Трансцедентална Заспивалка“ и „Антиепитаф“ во издание на издавачката куќа АНТОЛОГ од Скопје.

Македонија ми одекнува во сеќавањата

Беше еднаш една прекрасна почва на ридестиот балкан но никогаш не порасна……Во земја……..Чесна……..
Беше еднаш еден народ, шака луѓе но никогаш не пораснаа во песна.
Само во гробови на дамнешни херои кои врескаат од чад на предавнички темјан
и од срам пропаѓаат уште 100 метра под земја.

Кој ли те продава кога цена немаш?!?
Кој ли те заборава кога не му ни требаш.
Кога немало на кој да раскажува дедо
како со топла крв од своето чедо историја се пишува.
Како со вресок од силувани мајки химна се испишува.
Како за Македонија и последен здив се издишува…..

А ти седиш и гледаш како пополека идентитетот ти ослепува,
јазикот оглувува
и паметот занемува..

Македонијо моја!
Не ни е доволно да те снема.
Ние сакаме да те заборавиме
како да си најлоша телема.
А ти леб ни даде, ние ти го каменувавме.
Ти сонце ни даде, ние ти го згаснавме.
Те распнавме………
На крст.
И сега те вртиме на ражен
додека не се пеплосаш
и избледнеш во заборав тажен.

Знамето ни го шијат проклетници.
Грбот ни го клоцаат безрбетници.
Нѐ убиваат еден по еден за да не остане идол вреден,
За да не остане сведок, ниту племе
да го удостои нашето време.
Нашето бреме…….

Ама срамот ќе остане да нѐ јаде со векови…….
Како спиете мирно кога тоа можат утре да бидат вашите деца, на исти лекови.

Подобро болни од рак отколку од умот
како вас……
Подобро да умреме во рајот
отколку да живееме во пеколот на вашата сладостраст.
Какви сте бре вие луѓе?
Какво е ова време?
Никогаш не било поцрно ова проклето македонско семе.

Овие свети камења раѓаат издајници.
Овие свети камења раѓаат ѓаволници.
Кокино ве колне
и куклици кука.
Цоцев камен сака да се истркала од тука.
И 365-те цркви во Охрид да одржат миса во ист час,
ви нема спас.
Ни нема спас.
Мртвите се срамат од нас.

Езерата плачат, реките липаат,
земјата пати
но не сака да помни…
Не сака да памти.
Како ја черечеа домашни умој.
Ја раскинаа како погача на адет,
како мајка распарана на органи,
како болница изгорена од кабел….

Закопајте си ги душите од ураниум
во рудниците на смртта.
Таму можеби помалку ќе ви смрдат.
И засрамете се еднаш засекогаш,
застанете пред куршум ако треба,
сопствените нокти најостро гребат.

Нѐ скаравте сите, браќа по леб,
за да го наполните својот елитистички џеб.
До кога ќе ја каллиме земјата со солзи
наместо да посипуваме по небото рози.

Хероите си ги затворивме мајко.
Ќерките, продадовме ко робје.
Синови немаме.
Тук там по еден, два
со соголени гради кон вергината.
Доживотно верни бардови, воини на зборот и вистината.
Но премногу долго и залудно сами на сонцето стојат,
дома.
Со изгореници од трет степен и меланома.
Нема кој да им подаде вода,
па камо ли рака,
ах мој народе, крв моја серпентна,
така ли ближниот се сака?!?

Во своите гробови посадете пиреј
за да ниту една коска не провирее.
Да не можат векот да ни го најдат
а бог да ни ја забрани вечната јапамјат.

И само една солза нека остане на векот
да ѕуни во немир и горчлива тага,
македонска државо, имаше шанса,
но Дениција само еднаш се раѓа…….