Проекција на филмови на фестивалот „Звукот на Скопје“
Покрај музичката програма, оваа година фестивалот „Звукот на Скопје“ во организација на Културно информартивен центар – Скопје, ќе биде збогатен и со кино програма.
На 15 септември (петок) со почеток од 20 часот во Кулпарк летно кино (пред КИЦ) ќе бидат прикажани проекциите на филмовите:
ПРИМО ДА КРУЗ (документарен филм)
– режија: Алексис Зеленски
– времетраење: 89 минути, и
Снежана на крајот умира (игран филм)
– режија: Кристијан Ристески, глумци: Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски
– времетраење: 106 минути