На денешен ден 1942 година е формиран партизанскиот одред „Јане Сандански“
На 8 септември 1942 година во Лавчанската корија, Тодор Ангелевски (Тошо Даскало) – Строгов како член на Окружниот оперативен штаб во битолско, го формирал Третиот битолски партизански одред „Јане Сандански“.
Одредот имал една помала акција на 10-ти Октомври 1942, кога бил фатен и ликвидиран шумарот од с. Ореово, близок соработник на бугарскиот окупатор. На 15-ти Ноември 1942 одредот организирал акција-напад на железничката станица кај Српци Беранци.Во овај напад бил убиен, најпрво еден бугарски војник, а потоа започнал нападот на железничката станица.Се претпоставува дека имало и други мртви и ранети бугарски полицајци и војници. Борбата траела околу еден саат, по што, пред непријателот да добие засилување од Битола и Прилеп, одредот се повлекол.
Иако не успела во целост, оваа борба била значајна од морален аспект и политички аспект и за одредот и за населението . Во овај , одред биле уфрлени и двајца бугарски соработници Пецо Тенекеџијата и Трајче Стефановски кои дошле заедно во одредот. Пецо Тенекеџијата набрзо дезертирал од стражарското место и затоа Сермен и Крсте се посомневале во него и неговиот другар со кој дошол во одредот, а пак Трајче од торбата исфрлал зрна грав и така го обележувал патот. Бил откриен и ликвидиран кај с. Ореово, кога одредот стигнал на новата локација.
Во одредот се случил и еден несреќен случај кога загинал Чолаковски Кочо- Станко , при пренесување на оружје , заради невнимание, пукнала пушка и го убила.По еден месец од акцијата кај Српци Беранци сите борци се собрале во канинската црква. Тука бил и Платник и Тошо Даскало, Се правеле обиди за прфрлање на одредот во Егејска Македонија, но тоа не било дозволено од антифашистичкото движење на Грција.
Сепак одредот влегол во Грција, по краткотраен одмор се вратил во Македонија и заминал во Мариово каде требало да се сретне со Прилепскиот одред –Ѓорче Петров. Средбата не се остварила. Главнината на одредот Јане Сандански, се вратила во реонот на селата Лавци и Ореово, каде ја поминале зимата, а дел од одредот во крајграничните села (8 борци) и третиот дел ( 4 борци) во, леринско.
Штабот на одредот одржувал постојани писмени врски со Окружниот комите на КП. По негова директива, засилен со нови борци, на повеќе пати, во групи од неколку борци, конечно овој одред на ден 25.март 1943 се приклучил кон одредот Даме Груев. Овај одред имал 36, искусни и храбри борци кои го продолжиле борбениот пат кон слободата на Македонија.
Во состав на одердот влегувале: 1. Велковски Ѓоре-Коста, командант, 2. Милевски Димче-Добри, заменик командант, 3. Ванчо Прке-Сермен – политички комесар 4. Русо Бено-Коки заменик политички комесар и 5. Божиновски Пецо, комесар за исхрана, 6. Трајче Грујоски- Павле, заменик и боречки состав Врбевски Сотир-Ило, Гаштевски Лазо-Которецо, Георгиевски Пецо- Тенекеџијата, Нахмијас Мордо-Лазо, Нечевски Вангел- Тунело, Пановски Анести-Стен, Пупле Петар –Пепи, Самараковски Крсте –Веле, Стефановски Никола- Славе, Стефановски Трајче и Чолаковски Кочо-Станко. До крајот на 1942 во одредот се вклучиле- Бошевски Васил, Гецовски Насе, Дериевски Тоде-Кумо, Илиевски Милан-Сашо, Јовчевски Панде- Кајзеро, Мусалевски Алексо, Нешковски Петре- Пјер, Новачевски Петре- Гершан, Пановски Гавро- Јуноша,Тодоровски Никола ( Коле Канински) Тодоровски Ристо-Вед, Трпеновски Блаже и Трпеновски Ристо.