АктуелноЛокалноСтав

Мојсоска за уставните измени: Ново национално предавство по теркот на Преспански договор скапо ќе ги чини ДПМНЕ!

Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска, на својот фејсбук профил напиша дека за разлика од Преспанското сценарио, сега Левица има пратеници во Парламент кои поставија нови правила на игра. Мојсоска во својот статус дополна дека учество на ВМРО-ДПМНЕ во ново национално предавство ќе има голема политичка штета по оваа партија, за разлика од Преспанскиот договор.


„Во говорот на Таче за Бугари во Уставот му се вртат само пари од европски фондови и калкулации колку пари ќе сме изгубеле. За одродена багра како СДС, вековната национална борба на македонскиот народ е сведена на пари за тренирани магариња и апашлук со европските пари.

Ама за разлика од Преспанското сценарио, кое глатко помина без голема политичка штета по ДПМНЕ заради отсуство на македонска парламентарна партија – денес историските околности се променети. Триесет години, двоецот СДС-ДПМНЕ се конструктивни партнери во секое национално предавство, со кое се рушеше македонската државотворност на патот кон фамозните евроинтеграции. Епа, нови дечки влегоа во Собрание, поставија нови правила на игра во вашите калкулации со Републиката и нема да прекинат да ве демнат и да ви дишат во врат!”
– напиша Мојсоска на својот профил.

#НеЗаУставниИзмени