ДСП Ленка: ОБСЕ имиџот на Османи се плаќа со милиони денари државни пари
- Реакција на ДСП Ленка
Министерството за надворешни работи предводено од Бујар Османи за една година ќе потроши околу 7 милиони 200 илјади денари или околу 117 илјади евра само за рекламирање за време на претседавањето со ОБСЕ.
– За овие 117 илјади евра агенцијата ќе обезбеди голем број услуги за Министерството за надворешни работи и тоа:
– За да го ангажира својот надворешен соработник ќе треба да добие над 1,1 милион и 147 илјади денари,
– За агенцијата да ги осмисли логоата со ОБСЕ и формирањето на визуелниот идентитет и други слични услуги, МНР ќе плати над 929 илјади денари.
– Да се осмисли подготовката и реализацијата на комуникациската стратегија на Министерството и министерот Бујар Османи, на агенцијата ќе ѝ бидат исплатени повеќе од 619 илјади денари или повеќе од 10 илјади евра.