Вучиќ: Србија нема да воведува санкции кон Русија
„Србија нема да воведува санкции кон Русија се додека може и додека издржи“ – изјави претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.
Претходно Србија беше обвинета дека продава или дава оружје на Украина, информација што беше демантирана од српскиот претседател. Тој посочи дека Србија продава муниција на Чешка, Шпанија, Турција, Азербејџан, но како што наведе, невозможно е да се знае каде ќе се појави муницијата од српско производство која била продадена.
Изјавата на Вучиќ дека Србија нема да воведува санкции кон Русија „се додека може и додека издржи“, укажува не се поголемиот притисок кој се прави на Србија за воведување на санкции кон Русија од страна на колективниот Запад, додека многу експерти сметаат дека ситуацијата на Косово намерно се заострува за да се врши притисок на државата која одби да воведе санкции кон Русија.