АктуелноЛокално

Јанчев: Судството ги штити богатите

  • Пишува: Саше Јанчев – член на ЦК при политичката партија Левица

Анѓушев со другарите од власта на СДС и ДУИ прави договор за модуларни болници. Анѓушев гради модуларни болници меѓу кои и таа во Тетово. Болницата во Тетово во пожар изгорува за 6 минути сосе луѓето внатре.

На суд одат двајцата директори на болницата и докторот кој бил на смена.

Директорите одат на суд поради тоа што немало ПП апарати во монтажната болница.

Докторот поради тоа што во болницата покрај болните пуштил да влезат и роднини.

Како настана пожарот и како може болница сосе пациенти да изгори за 6 минути не се битни прашања оти тогаш ќе треба и Анѓушев и екипата од власта да се чепнат.

И после правото важело за сите исто. Богатите и моќните не биле исклучени. Нема грешка.